За нас

Нашата мисија

Нашата мисија е да се грижиме за лицата со посебни потреби, да им обезбедиме поддршка ним и на нивните семејства, да промовираме еднакви можности и да градиме општество во кое секој може да живее достоинствено и што е можно посамостојно.

Нашата визија

Општество без бариери и предрасуди, во кое лицата со посебни потреби се прифатени и рамноправни членови.

Наши вредности

Почит, солидарност, достоинство, транспарентност и активно учество на членовите во секоја одлука.

Наши цели

Подобра грижа и поддршка, пристапност, едукација, вработување и вклучување во спортскиот и културниот живот.

Кој сме ние?

Визија ЕМ е здружение кое се грижи за лицата со посебни потреби — деца, млади и возрасни — и за нивните семејства. Ги обединуваме луѓето кои сакаат да помогнат, да поддржат и да бидат дел од позитивната промена.

Здружението е основано од родители, членови на семејства и волонтери кои од прва рака ги познаваат предизвиците со кои се соочуваат лицата со посебни потреби. Заедно се залагаме за нивните права, споделуваме искуства и создаваме можности за поквалитетен и поактивен живот.

Соработуваме со институциите, стручни лица, другите граѓански организации и бизнис-заедницата, бидејќи веруваме дека промената е можна само заедно.

Маж во инвалидска количка гледа кон зајдисонцето
0Години активност
0Реализирани проекти
0Членови и поддржувачи
∞Повеќе можности

Нашиот тим

Луѓето кои секојдневно работат за поинклузивна заедница.

Моника Димчевска

Претседател

Марија Николовска

Координатор

Александар Стојанов

Волонтер

Елена Трајкова

Комуникации